.

Спорт Клуб Куп


Спорт Клуб Куп

Академија ФМП ќе заземе учество на Спорт Клуб Купот за кошаркари до 13 години. Главен спонзор на кошаркарскиот куп е спортската телевизија Спорт Клуб, а организатор во скопскиот реон е екипата на Ангели.

Спорт Клуб Купот во Македонија ќе се одигра во три града, Скопје (петок 22.02.2019), Македонска Каменица (сабота 23.02.2019) и Кавадарци (недела 24.02.2019). Најдобрата екипа од трите турнири ќе учествува на завршниот турнир.

Академија ФМП учествува во скопската група заедно со екипите на Ангели и Водњански Лисици. Натпреварот со Ангели започнува во 12:00 часот, додека натпреварот со Водњански Лисици започнува во 17:00 часот.

Турнирот ќе се одржи во спортската сала „Независна Македонија“ во ОУ „Невена Георгиева - Дуња“.

Спонзори и Партнери