.

Академија ФМП ја продолжува доминацијата во втората лига


Академија ФМП ја продолжува доминацијата во втората лига

И по 16.коло во Втората кошаркарска лига на Македонија тимот на Академија ФМП ја продолжи доминацијата над своите ривали.

На домашен терен во спортската сала Независна Македонија пред околу 100 гледачи на трибините беше совладан тимот на Дино Баскет од Кочани убедливо со 57 поени разлика, 110-53. За Академија ФМП ова беше 12-та победа по ред без пораз во Втората лига.

Натпреварот домашниот тим го реши уште во првото полувреме кое го доби со 56-26. Во вториот дел разликата само се зголемуваше во корист на Академија ФМП.

Најдобар и најефикасен на натпреварот беше Дамјан Ѓорѓиевски со 16 коша, а двоцифрени беа уште и Кристијан Саздановски со 14, Константин Мартиноски со 13 и Дарко Најдовски со 10 поени од кои три тројки.  

За тимот на Академија ФМП во следното 17.коло предстои дерби дуел против тимот на МЗТ Скопје Аеродром 2 на гостински терен. Натпреварот се игра в недела на 3 март од 10:30 часот во малата сала во спортскиот центар „Јане Сандански“.

КК Академија ФМП ги повикува сите свои навивачи и поддржувачи да дојдат во што поголем број и да им ја дадат неопходната поддршка во поход кон уште една победа во лигата.

Автор и фото: Томи Атанасовски

Спонзори и Партнери